Кривична против тетовец осомничен за „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М., на возраст од 37 години, од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 12 јануари на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил. Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал, појаснуваат од МВР.