Премиер лига: Халанд нов рекордер со најмногу голови по сезона

Со 35 гол сезонава против Вест Хем 22 годишниот норвешки напаѓач го урна рекордот кој претходно го држеа Алан Ширер и Енди Кол.

Ерлинг Халанд постави нов рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона во Премиер лигата. Тој во натпреварот на неговиот клуб Манчестер Сити против Вест Хем го постигна 35 гол сезонава.

22-годишниот норвешки напаѓач погоди во 70. минута на стадионот „Етихад“ за водство на бранителот на титулата од 2-0.

Халанд минатата недела го изедначи претходниот рекорд кој заедно го држеа Алан Ширер и Енди Кол.

„Беше убаво чувство, како и со секој гол што го постигнав. Особено е важно да се победи натпреварот”, рече Халанд.

Тој има постигнато 51 гол во сите натпреварувања за Манчестер Сити сезонава.

Неговиот подвиг е уште поимпресивен со оглед на тоа што Ширер и Кол го поставија претходниот рекорд кога во Премиер лигата се играа преку 42 натпревари. Сега се играат 38 натпревари. Халанд има уште пет натпревари да го зголеми својот рекорд.

Тренерот Гвардиола не штедеше позитивни зборови за Халанд

„Тој е уникатна личност и тој е толку посебен. Друг ден може да го собори сопствениот рекорд. Тој постигна многу голови“, рече Гвардиола.

Нејтан Ејк и заменикот Фил Фоден исто така постигнаа гол во победата со која Сити се врати на врвот на табелата, со еден бод повеќе од Арсенал.