Кризата го докусури германскиот трговски ланец: 45 продавници се затвораат, конкурентите ги преземаат најдобрите локации, 5.000 работници се загрозени
Конечно е позната судбината на германскиот ланец на супермаркети „Mein Real“ по иницирањето банкрот!
Компанијата планира да продаде неколку филијали на конкурентите и да ги затвори преостанатите продавници до крајот на март 2024 година.
„Mein Real“ во понеделникот објави дека 14 продавници ќе преземе Рив, три Кафланд, а една Едека. Германските медиуми јавуваат дека сè уште се чека одобрението на Сојузната канцеларија за картели.
Останатите 45 продавници ќе бидат затворени поради немање клиенти.
Синџирот хипермаркети „Mein Real“ започна самоуправна стечајна постапка во септември, која погоди повеќе од 5.000 вработени во 62 продавници и седиштето во Менхенгладбах. На овој начин компанијата сакаше да го одржи бизнисот и да овозможи преговори со конкурентите во врска со можното преземање на локации.
Според локалните медиуми, продажбата има за цел да создаде перспектива за вработените.
Сопственикот на синџирот, финансискиот инвеститор SCP, го продаде „Mein Real“ во јуни 2022 година, но повторно го купи во мај 2023 година поради критичната економска ситуација. SCP го презеде синџирот „Mein Real“ од трговската групација Метро во 2020 година со цел да го одвои и продаде. Голем број од најатрактивните филијали потоа презедоа Кафланд, Едека, Глобус и Рив. Компанијата со преостанатите 62 локации потоа премина во рацете на претприемачкото семејство Тишендорф пред да биде откупена од SCP.
Бојан Лунчер, претседател на менаџментот на компанијата, објасни дека трансферот на 18 пазари обезбедува долгорочна перспектива за околу 1.500 вработени.