Локалните канали на Телеграм објавија за силни експлозии што синоќа го потресоа аеродромот Саки на Крим.
Тие велат дека ракетниот систем ATACMS(!?) го погодил складиштето за муниција и ја уништил радарската станица. Украинските сили го погодија Крим со четири проектили испорачани од САД(!?), при што беа повредени двајца руски војници, објави каналот Астра, повикувајќи се на извори од локалните служби за итни случаи.
Тој додава дека биле погодени складиштето за муниција на аеродромот во градот Новофедоривка и руската радарска станица за воздушна одбрана лоцирана во близина на селото Шелковичноје во областа Саки. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат големи пожари на Крим. Руските власти не ги коментираа споменатите напади, а Киев не ја презеде одговорноста.
Напади на аеродромот Саки
Кримскиот телеграмски канал Крим Ветар, исто така, објави дека е погодено складиште за муниција во воздухопловната база Саки и објави фотографија на која се гледаат пламени јазици и чад.
Last night, #Ukrainian-made kamikaze drones attacked the “Saki” air base in the occupied Crimea – according to the locals, the Ruzzian ammunition warehouse was destroyed. 🚀🔥🇺🇦 #Ukraine 🇺🇦 pic.twitter.com/hU5DmvuBgY
— Zura Sarjveladze 🇬🇪🇺🇦🇪🇺 (@SarjveladzeZur1) July 26, 2024
Украинските сили го нападнаа аеродромот Саки и во јануари, кога Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили, изјави дека е уништен контролен пункт на окупаторската руска армија.
“База Саки! Ги погодивме сите цели! Им благодарам на нашите пилоти за нивната одлична работа!” напиша тогаш Олешчук на социјалните мрежи.