Кристијано Роналдо на Инстаграм објави фотографија на која се бакнува со Георгина Родригез на романтична вечера, со што стави крај на гласините дека нивната врска е во криза.
– Да живее љубовта, напиша тој заедно со фотографија на која се гледа како парот се бакнува и наздравува.
„Ова е фотографија за сите оние кои зборуваат за раскинување“, „Така треба да одговарате на критичарите“, „Најголемата љубовна приказна досега“, напишаа фановите во коментарите, среќни што фудбалерот стави крај на гласините.
Потсетуваме дека во последните денови странските медиуми шпекулираат дека фудбалерот Кристијано Роналдо раскинува со својата вереница Георгина Родригез. А таа неодамна по бројните гласини објави интересна приказна на Инстаграм.
– Завидливите сочинуваат гласини, се шират озборувања и идиотите веруваат во тоа, е текстот на шпанската песна што ја сподели Георгина.