Кристијано Роналдо открива во какви односи е со неговиот најголем ривал: “Не го мразам Лионел Меси, но ривалството повеќе не постои!“

Двајцата најпопуларни фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, отсекогаш биле најголеми ривали еден на друг. Често се водеа и навивачки битки бидејќи не можеа обожавателите на фудбалот да се договорат „кој е најдобар фудбалер на светот“, а сепак тоа не се одрази на нивниот однос. 

Кристијано Роналдо зборуваше за тоа и јасно стави до знаење дека не го мрази Аргентинецот и дека секогаш го почитувал:

Ако го сакате Кристијано Роналдо, не мора да го мразите Лионел Меси. Ривалството повеќе не постои. На двајцата ни оди добро. Ние двајца ја променивме историјата на фудбалот и се почитуваме. Јас не придавав важност на тоа ривалство, играме 15 години. Не велам дека сме пријатели, но меѓусебната почит е тука“, истакнал Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо му се приклучи на Ал Наср на почетокот на 2023 година, додека Лионел Меси се пресели во Интер Мајами по освојувањето на Светското првенство во Катар. Досега и двајцата доста добро се снаоѓаа во новата средина, па Лионел Меси досега постигна 11 гола и 5 асистенции за американскиот клуб, додека популарниот Португалец во Саудиска Арабија постигна 20 гола и 7 асистенции.