ДКСК: Со измените на КЗ сериозно се загрозува правната сигурност во државата, борбата против корупцијата ќе остане само декларативна

Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата, оцени денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експертска дебата, ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата, оцени денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Како што стои во соопштението, ДКСК е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе, се наведува, што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог – законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со рок за произнесување до 20 септември 2023 година.

Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, укажуваат од Антикорупција, треба да го штити функционирањето на правната држава.

– Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание. Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна, стои во соопштението од ДКСК.