ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ НЕМА КОНТАКТ СО СЕМЕЈСТВОТО !? Шок интервју на првата дама на Украина: “Ми треба сопруг, а не историска личност…“

Сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска, во интервју за BBC се пожали дека и недостасува сопругот и дека и треба сопруг, а не историска личност.

Можеби ова звучи себично, но ми треба сопруг, а не историска личност да биде покрај мене“, изјавила Олена Зеленска.

Првата дама на Украина изјавила и дека семејството на Володимир Зеленски не поминува многу време заедно.

Но, ние се држиме, имаме сила и емотивно и физички. Сигурна сум дека ќе се справиме со тоа“, нагласила таа.

Олена Зеленска и Володимир Зеленски

Олена Зеленска објаснила дека нејзиниот сопруг нема многу контакт ниту со неговата мајка, но дека се гледаат, иако не толку често колку што би сакале.

На син ми му недостасува татко му. Ме боли кога гледам како моите деца не планираат ништо. Нашата ќерка има 19 години. Нејзините врсници сонуваат за патување, за нови искуства, емоции. Таа нема таква можност“, изјавила Олена Зеленска

Кога Русија ја нападна Украина на 24. февруари 2022 година, Олена Зеленска со месеци се криеше на тајни локации заедно со своите деца.

Откако излегла од криењето минатата година, таа почнала да патува низ светот и да се среќава со лидери на други земји и да држи говори на престижни места.