КРИУМЧАР излегол од реката и ГО ОСТАВИЛ МОМЧЕТО (1) само на американската граница (ВИДЕО)

Избегната е трагедија

Криумчари на луѓе оставиле момче (1) од Гватемала на американската граница.

Надзорните камери долж границата меѓу Мексико и Аризона го снимија криумчарот како излегува од водата и го остава детето на преминот пред да замине.

Момчето останало сосема само, но за среќа било забележано од припадник на граничната патрола кој веднаш отишол со неговото возило.

-Едногодишно дете од Гватемала останало покрај реката Колорадо, а криумчарот го однел преку граница и сам го пуштил да талка покрај водата. Благодарение на брзата реакција на нашиот агент, трагедијата е избегната – изјави шефот на американската гранична патрола, Раул Ортиз.

@cnn

Video shows the moment a suspected smuggler abandoned a 1-year-old child at the US-Mexico border. The boy was rescued by a US Border Patrol agent. #CNN #News #border #immigration #borderpatrol #mexico

♬ original sound – CNN

Заклучно со октомври 2022 година, евидентирани се повеќе од 58.000 малолетни мигранти без придружба.