Крузер со свингери пристигна во близина на Дубровник, ова патување чини и до 6.000 евра дневно

Бродот за крстарење на компанијата Азамара, на кој патуваат само свингери, се закотви пред Локрум, кој се наоѓа во близина на Дубровник.

Ова патување е организирано од мексиканската агенција Original Group, која има и свингерски одморалишта. Од оваа агенција велат дека Дубровник е идеален за сите оние кои го бараат рајот на земјата. Крузерот потоа ќе се закотви во Котор, а потоа во Шибеник, а потоа ќе се упати кон италијанскиот брег, пишува „Дубровник дејли“.

Опремен е со луксузни соби, ресторани, барови, казина, спа и фитнес центри и посебни простории каде се организираат сензуални забави. Можно е и ангажирање на фотограф.

Сепак, сексот на јавни места на бродот за крстарење не е дозволен, а патниците мора да се повлечат во приватноста на своите соби. По полноќ, музиката мора да се намали и да се почитуваат куќните правила. Плаќањето за сексуални услуги е строго забрането и правилото „Не значи не“ важи во секое време. Цената на ова патување се движи помеѓу 1.700 и 6.000 евра по лице дневно, во зависност од опременоста на кабината.

Ова не е прв пат „секс крузерот“ да пристигнува во Дубровник. Имено, во 2017 година овде престојувале 700 свингери.

“Тоа е убаво за нас и тоа е многу возбудливо. Луѓето се пријателски расположени и многу попристапни на бродот. Плус е што нема деца, па можеме навистина да се одмориме и да се опуштиме. Често патуваме со бродови за крстарење и кога разговараме со некого во лифтот луѓето обично се исплашени. Овде тоа не е така. Еве, луѓето сакаат да те запознаат“, изјави еден од гостите за „Дубровник дејли“.