„Круз“, компанија за самоуправувачки автомобили во сопственост на „Џенерал Моторс“, лансираше околу 240 возила со робот такси-услуги во градот Сан Франциско, во сојузната американска држава Калифорнија.
Апликацијата се смета за прв чекор кон поширокото комерцијално користење на долго ветуваната автономна алтернатива на услугите слични на оние на „Убер“ или „Лифт“.
Засега транспортот без возач е достапен за јавноста само во ноќните часови и во одредени делови од градот, но во иднина се планира да се рашири низ Сан Франциско.