Култната улога на Џорџ Клуни ќе му ја уништила кариерата: Актерот откри дека одлуката скапо го чинела и дека научил важна лекција (фото)
Актерот Џорџ Клуни е една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата, а улогата по која и денес е познат за малку ќе му ја уништела кариерата.
Имено, Џорџ Клуни ја толкувал улогата на култниот херој Бетмен во филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година, но тоа го смета за голем дебакл.
Тој тврди дека луѓето одбиле да работат со него по овој филм.
Работите се сменија дури откако работев со режисерот Стивен Содерберг во филмот „Out Of Sight” во 1998 година.
– Никој не ме сакаше во својот филм една година по дебаклот кој го доживеав. Скокав од среќа, бев возбуден што ќе го играм Бетмен и – се зафркав. После тоа сфатив дека морам да внимавам на целиот филм каков што е, а не само на мојата изведба или на она што го правам. Се фокусирав на подобрите сценарија – тоа е најважно. Од лошо сценарио не можете да направите добар филм, тоа е невозможно. Можеш да направиш лош филм од добро сценарио – рече Клуни за „The Sun“.
Проработи новата филозофија на Клуни. По овој голем неуспех, тој освои многу од најпрестижните награди.