Песочна бура го погоди Иран: Хоспитализирани над 700 лица

Најмалку 733 лица се примени во болниците во иранската покраина Систан-Белучистан со различни поплаки предизвикани од песочната бура што го погоди југоисточниот дел на земјата.

Шефот на итната служба во Систан-Балучистан, Маџид Мухиби, за ИРНА изјави дека тие лица биле хоспитализирани во последните три дена во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз во северниот дел на Систан-Балучистан.

Тој рече дека 58 лица сѐ уште се во болница на лекување.

Шефот на Метеоролошкиот институт во таа иранска провинција, Мухсин Хајдари, изјави дека поради зголеменото количество прав во воздухот видливоста е намалена особено во Забул и Зехек.

Канцеларијата на гувернерот на Систан-Балучистан соопшти дека поради песочните бури денеска се затворени државните институции и банките во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирменд и Нимруз.