„Дали Албанците стануваат посилни“! Касами потврди дека Курти работи на формирање на т.н Голема Албанија?

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, денеска оцени дека владата во Северна Македонија не успеала да го скрие стравот од пораз на следните избори, особено кога се појави обединет опозициски фронт со поддршка на премиерот на Косово, Албин Курти.

– Ја разбираме загриженоста на Претседателот и Владата, на кои, зачудувачки, со поддршка и реакции излезе и Белград и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку со загриженоста дека Опозициските Албанци во Република Северна Македонија се обединуваат и и’ одбројуваат денови на оваа влада и на нивниот криминал и корупција – напиша тој на Фејсбук.

Касами истакна дека доаѓањето на Курти, колку што е чест за Албанците од Северна Македонија, толкава чест е и за државата, со која е потпишан меморандумот за заедничкиот проект на патот Тетово-Призрен.

Во петокот, за време на неофицијалната посета на Северна Македонија, Курти се сретна само со лидерите на албанските опозициски партии и го поддржа преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Улица Адем Демаќи“, во општина Чаир во Скопје.

На собирот во центарот на Тетово при посетата на Курти, се вееше ,намето на т.н „Голема Албанија“, која опфаќа делови од Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Грција.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, побара да се санкционираат организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир за кршење на законските одредби во однос на употребата на државното знаме, химната и знамињата и симболите на заедницата, како и за целосно игнорирање на државните симболи. .