Кумановецот Максим жестоко реагира на посетата на Курти

„Непеењето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, пеењето на химната на друга држава и истакнувањето само знамиња на заедниците и знамињата на странска држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

Истакнувањето на нота на народниот собир во Тетово со знамето на таканаречената Голема Албанија е спротивно на Уставот и законите на државата.

-Ги замолувам надлежните, во овој случај, МВР и Јавното обвинителство да постапат согласно своите овластувања и да преземат мерки против одговорните и сторителите, а надлежниот суд да ги санкционира доколку оваа власт сепак има надмоќ!?

– Јавно прашање упатено до претседателството и до моите досегашни сопартијци:

– Дали под слоганот „Општество за сите“ се боревме за соживот и меѓусебно почитување?!

-Како се чувствувате денес кога спомените на нашите паднати баби и дедовци, партизани, антифашисти од НОБ (од сите тогашни народи и националности на Македонија) се БРИШЕНИ и заменети со имиња на борци за национални цели?

-Втор ден молчите и молкот во овој случај е повеќе од срам“, реагира Димитриевски.