Повозрасна кумановка била измамена за 10.000 евра, откако измамник ја излажал дека ќерка ѝ имала сообраќајна незгода во соседна Србија, соопшти денеска СВР Куманово. Таа му дала пари за наводната операција на ќерка и пред влезната капија од дворот.
Осумдесет и тригодишната жена, вчера во 18: 30 часот пријавила во СВР Куманово, дека била измамена за сума 10.000 евра.
– Според пријавеното, најпрвин вчера и се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија и била потребна одредена сума на пари за да се изврши операција и дека наскоро ќе и се јави лекарот да се договорат за износот на операцијата. Како што е пријавено, набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор. Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измамена, наведува СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.