„КУПИЛА ПОЛОВЕН КУФЕР ЗА ПОМАЛКУ ОД 100 💶 “ Немала поим какво скапоцено богатство имало внатре! (ВИДЕО)
Девојката по име Беки Чорлтон стана позната по својата штедливост и вештина за наоѓање поволни цени на пазари и продавници за половни работи.
На социјалните мрежи ја следат голем број луѓе кои сакаат да научат како да заштедат пари на сличен начин.
Неодамна Беки купила куфер преку интернет за само 95 евра, а подоцна открила дека тоа е нечиј одамна изгубен куфер кој авиокомпанијата го продавала по извесно време.
Кога стигнал куферот, тој бил завиткан во црна фолија, па Беки немала поим што има внатре.
Меѓутоа, кога ја извадила фолијата, открила скап куфер од познат бренд, кој најверојатно бил изгубен на лондонскиот аеродром Хитроу.
Кога го отворила куферот, нашла големо богатство во вид на скапи парчиња облека, главно Томи Хилфигер, вклучувајќи фармерки, шорцеви и црн градник.
Исто така, во куферот пронашла елегантна чанта „Гес“ вредна неколку стотици евра.
Беки не го криеше изненадувањето и задоволството од пронајденото, посочувајќи дека ризикот се исплател. Нејзината објава на социјалните мрежи стана вирална, со преку 2 милиони прегледи и бројни коментари.
Додека некои изразија загриженост за авиокомпаниите што продаваат изгубен багаж наместо да се обидат да го најдат сопственикот, други се восхитуваа на способноста на Беки да наоѓа поволни цени.