Купил изгубен куфер на аукција за 180 евра: Погледнете што нашол, каков среќник (видео)

Еден човек по име Дарик, попознат на TikTok како @abandonedexplosquad, сака да посетува аукции и да купува изгубени работи што не ги побарале нивните сопственици.

Неодамна се пофалил дека купил куфер од 180 евра, бидејќи изгледал „богато“, а тоа што го нашол многу го израдувало.

Неговото видео е прегледано повеќе од 360.000 пати, а коментарите постојано се редат.

Штом го отворил куферот, го здогледал iPad и на тој начин веќе ги вратил вложените пари. Сепак, тоа не беше крајот.

Внатре имаше куп брендирана облека, со ознаки, како и паричник од Луј Витон, чанта Прада и часовник Гучи.

„Тиктокерот“ истакна дека морал да провери дали пронајдените предмети се оригинални, но не ја тргнал насмевката од лицето.

Многу корисници беа шокирани од фактот дека аеродромите нудат изгубен багаж на аукции ако претходно сопствениците не ги побараат.

Едни сметаат дека видеото не е автентично, а други истакнуваат дека Дарик повеќекратно ги вратил вложените пари.