Тиктокер кој објавува под прекарот Дарик се занимава со купување багаж кој останал без сопственик, а неодамнешниот улов многу го израдувал.
За 90 евра на аукцијата купил куфер во кој нашол часовник, паричник Луј Витон, чанта Прада и – Ајпад. Содржеше и нова облека, сè уште со ознаки. „Купив напуштен куфер на богат човек, нема да верувате што најдов внатре“, напиша тој покрај видеото кое е прегледано над 300.000 пати.
„Се прашувам дали ваквите аукции се причината поради која куферите „исчезнуваат““, некои беа скептични за неговото видео. „Обично луѓето добиваат компензација кога ќе им се изгуби багажот, но повеќето авиокомпании вложуваат малку или никаков напор да го најдат сопственикот пред да ги продадат своите работи, за жал“, објаснува тиктокерот.