КУПИЛ ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ И СЕ ШОКИРАЛ КОГА ВИДЕЛ ШТО ИМА СЕ ВО НЕГО! Жената која го продала автомобилот заплакала кога тој се појавил на вратата!

Халил Смајиќ од Сараево неодамна купил автомобил голф 2 од една постара жена која го продавала бидејќи и требале пари.

Во автомобилот пронашол плик со околу 2 000 евра . Халил без размислување веднаш и ги вратил на сопственичката .

користени автомобили

– Преку познаник слушнав дека жена од Добриња го продава автомобилот на својот сопруг, кој починал пред четири години . Ми кажа дека оваа жена ја продава колата затоа што и требаат пари. И покрај тоа што не ми требаше тој автомобил, го купив за да и помогнам , да и излезам во пресрет, бидејќи таа не го користеше автомобилот – изјави Халил за Preporod.info, а пренесува Fokus.ba.

– Таа е стара и живее сама. И дадов повеќе пари од договорената цена . Бидејќи автомобилот е стар и требаше многу пари за да се вложат во него, јас и мојата сопруга го прегледавме за да видиме што ќе треба да поправиме. Го отворив багажникот, барав корозија . Кога го кренав тепихот, жена ми виде кутија и плик испадна од под кутијата што ја подигнавме . Ја отворив, беше полна со пари. Избројав, вкупно имаше околу 2 000 евра.

Не можел да дојде до неа, па повикал познаник преку кој дознал за нејзината ситуација. Нејзиниот сопруг бил болен, па собрале пари за погребот . Но, таа не можела да ги најде парите.

– Следниот ден разговаравме на телефон, таа плачеше и ми се заблагодари. Кога отидов со сопругата да ги вратам парите, таа ни свари кафе, повторно заплака и ми се заблагодари. Нејзините солзи, но и нејзината среќа се најголемата награда за мене – завршил Халил.