– Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) соопшти денеска дека Купот на африкански нации ќе се одржи идната година од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата коска.
Африканскиот турнир првично беше планирано да се игра оваа година во јуни и јули, но беше одложен за 2024. поради периодот на дождови во текот на летото во западна Африка.
Раководството на ЦАФ одлучи континенталното првенство да се одржи на почетокот на идната година, иако во тој период ќе се играат првенствата во најсилните европски лиги во кои настапуваат голем број африкански фудбалери.
ЦАФ наведе дека Африканскиот куп на нации во иднина ќе се одржува во летниот период доколку тоа го дозволат временските услови во земјите кои ќе бидат домаќини на континенталното првенство.
Титулата африкански првак ја брани Сенегал.