Купуваат 4 борбени авиони. Добар знак за НАТО?

Унгарија во петокот објави дека потпишала договор за купување на четири борбени авиони Saab JAS Gripen од Шведска.

Унгарија во петокот објави дека потпишала договор за купување на четири борбени авиони Сааб ЈАС Грипен од Шведска, додека Будимпешта конечно се подготвува да ја одобри кандидатурата на Стокхолм за членство во НАТО по речиси две години одложување.

Унгарија е последната членка на НАТО која не го ратификуваше барањето на Шведска за приклучување кон воената алијанса, поднесено во 2022 година по конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува Пословни дневник.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој минатата недела попушти велејќи дека парламентот ќе гласа за ратификација во понеделник, се состана со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Тој тогаш рече дека успеал „да ја обнови довербата“.

Унгарија ќе ги купи авионите и ќе го прошири поврзаниот договор за логистика, рече Орбан.

Унгарија во моментов има авиони Грипен на позајмица со договор потпишан во 2001 година.

„Ние не само што ја одржуваме нашата способност за воздушна одбрана, туку и ќе ја зголемиме. Тоа значи дека нашата посветеност на НАТО ќе се зајакне, а исто така и нашето учество во заедничките операции на НАТО“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со Кристерсон.

Кристерсон рече дека го поздравува договорот.

„Знаеме дека не се согласуваме за сè, но се согласуваме дека треба да соработуваме каде што е можно“, рече тој.

Орбан, чија влада одржува блиски врски со Русија, ја одложи ратификацијата поради шведските критики за владеењето на правото во Будимпешта.