Курти го ,,искулира” Рама: Косовскиот премиер нема да присуствува на средбата во Тирана

Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври годинава.

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Крисиу, изјави дека Албин Курти нема да оди на средбата во Тирана денеска со премиерот на Албанија, Еди Рама, туку, како што јавија „Репортери“, неговиот заменик Бесник Бисљими, ќе оди наместо него.

Во Тирана се одржува неформален состанок на регионалните лидери, на кој присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархели.

Криесиу на Фејсбук изјави дека Курти пред една недела добил покана од Рама за неформална средба со еврокомесарот Оливер Вархели, на која биле поканети и други претставници од Западен Балкан, но, според него, Курти го потврдил своето учество за овој период пред неколку месеци на конференција во Грција.

-Премиерот Курти го информираше премиерот Рама дека овојпат нема да може да оди бидејќи пред неколку месеци го потврди своето учество на конференцијата на Крит, Грција, каде точно истиот ден е панелот за Западен Балка во исто време – истакна Криесиу.

Тој додаде дека Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври годинава.

За време на неодамнешната посета на Рама на Косово, Курти одби да се сретне со него, наведувајќи дека ќе се согласи на тоа само во контекст на средбата меѓу двете влади.