Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, во пресрет на мировниот форум организиран во француската престолнина Париз, беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон.
„Во Елисејската палата, заедно со Рита, гости на францускиот претседател Макрон и на првата дама на Франција, Брижит Макрон, во пресрет на шестото издание на Форумот за мир во Париз“, напиша тој на „Фејсбук“, пренесува Телеграф. .
Курти вечерва беше дел од вечерата со шефовите на држави и влади кои учествуваат на овој Форум.
Според најавата, во сабота, на 11 ноември, со почеток во 10:00 часот, во рамки на вториот ден од Форумот за мир, премиерот Курти ќе учествува на панел дискусијата на тема „Создавање мир и градење побезбеден свет“ , додека за време на престојот таму ќе оствари повеќе средби.