Курти: Суверениот фонд ќе резултира со стабилизација на економијата преку различности

Премиерот Албин Курти изјави дека со создавањето на Суверен фонд ќе дојде до стабилизација на економијата на Косово.

На конференцијата за пуштање во употреба на овој Фонд, Курти додаде дека јавните претпријатија ќе станат составен дел од овој проект со цел да се зголемат инвестициите.

„Откако Предлог-законот ги помина јавните консултации, сега сме чекор поблиску до негово одобрување. Таквата иницијатива ќе резултира со стабилизација на економијата преку различности, создавање на државниот профит преку мудри инвестиции и генерирање богатство за генерациите што доаѓаат“, рече Курти.

Според него, Суверениот фонд ќе биде институционална инвестициска алатка.

„Нашите јавни претпријатија ќе станат составен дел на Фондот со цел да се зголемат инвестициите неопходни за економски развој. Покрај зајакнувањето на јавните претпријатија, работевме и на зајакнување на економскиот раст“, ​​рече тој.

„Сите овие иницијативи ја заокружуваат онаа на Суверениот фонд, како институционална инвестициска алатка која ќе работи на меѓународните финансиски пазари“, заклучи Курти.

Предлог-законот за суверен фонд е на јавна консултација од 2 април. По консултациите, планирано е да се оди на одобрување во Владата, а потоа и во Собранието на Косово. Со овој Предлог-закон се дефинира овој Фонд како инвестициско-развојна институција на Косово и дека основната главнина е 20 милиони евра и е покриена од Владата на Косово.

Исто така, се вели дека Суверениот фонд ќе управува со важното богатство на Косово, зголемувајќи ја вредноста, перформансите и повратот на инвестициите што ќе се направат. Ова богатство вклучува јавни државни претпријатија, социјални претпријатија и средства, со кои моментално управува Косовската агенција за приватизација.

Од оценките на работната група на Предлог-законот, дел од јавните претпријатија, за кои е утврдено дека можат да се префрлат во суверениот фонд се Енергетската корпорација на Косово, Телеком на Косово, Пошта на Косово, металуршки комбинат, Трепча, Траинкос и Инфракос.

Според КПА, има 94 средства со висок економски потенцијал и околу 48 илјади хектари земјиште кои можат да се префрлат во Суверен фонд.