Кучето Алфа: Најголем помошник во спасувачките акции во Туркије

Кучињата трагачи се најголеми помагачи на тимовите во лоцирањето на луѓе под урнатините. Со помош на Алфа, екипите извлекоа 20 повредени од под урнатините.

Алфа, едно од посебно обучените кучиња на турската Жандармерија, стана најголем помошник на тимовите за пребарување и спасување во Кахраманмараш.

Тимовите за пребарување и спасување се во трка со времето за да ги спасат луѓето кои останаа заглавени под урантините по разорните земјотреси од 6 февруари.

Кучињата трагачи се најголеми помагачи на тимовите во лоцирањето на луѓе под урнатините. Едно од нив е кучето Алфа, старо 2,5 години. Од првиот ден е во Кахраманмараш.

Со помош на Алфа, екипите извлекоа 20 повредени од под урнатините. Бројни спасувачки екипи продолжуваат со акциите на пребарување и спасување во градот Антакија во провинцијата Хатај, погодена од земјотресот кој го нарекуваат „катастрофа на векот“.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во провинцијата Кахриманмараш, а борјни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување на луѓето заглавени под урнатините на зградите. Во земјотресите на југот на Туркије загинаа 31.974 лица.

TRT Balkan