Куче падна 60 метри во водопад во Шкотска, а планинските спасувачи го извлекоа на безбедно

Кучето паднало од височина од 60 метри, но за среќа, се спасило без сериозни повреди. Неговите спасувачи, околу 15 волонтери од планинскиот спасувачки тим Мофат (МРТ), велат дека Луис изгледал добро откако бил извлечен на безбедно, освен мало куцање.

“Користејќи систем со јаже, спуштивме еден од членовите на нашиот тим со специјализирана торба за спасување животни. Луис беше во еден од долните базени. Беше пресреќен кога го извлековме од дното на водопадот и повторно го споивме со неговиот сопственик”, изјави портпаролот на МРТ на Мофат.

“Веднаш го упативме човекот кај локален ветеринар за да се увериме дека кучето не е сериозно повредено. Сопственикот ја направи вистинската работа кога контактираше со полицијата и планинските спасувачи, кои овозможија операцијата за пребарување и спасување да се спроведе на најбезбеден можен начин. Му посакуваме на Луис се најдобро во неговото закрепнување”, додаде тој.