КЈП Нискоградба-Битола со нови машини за чистење

Комуналното јавно претпријатие Нискоградба со донација од 450.000 денари набави нова машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради, како и за чистење на приклучоци на сливници.

Од ЈКП Нискоградба најавија овозможување дополнителна услуга на граѓаните при подигнување на градежен шут. 

-Градежната сезона е во ек, многу домаќинства и правни субјекти пристапуваат кон реновирање на објектите во кои живеат или стопанисуваат, и притоа се ослободуваат од градежен шут кој најчесто завршува во диви депониии. Тоа не смее да се случува и затоа КЈП Нискоградба Битола со механизација по претходно доставено барање врши подигање, транспорт и одлагање на градежен шут, а подигнување до два метри кубни градежен шут чини 1.000 денари, информира Зоран Талевски, директор на КЈП „Нискоградба“-Битола.

ЈКП Нискоградба-Битола најавија електронска дистрибуција и плаќање на комуналните сметки, со што постепено ќе се прекине со хартиена достава на сметките кај домаќинствата и правните субјекти.