ЛАВИНА ЗАТРУПА ДВЕ ЛИЦА – Драма во еден од најпознатите европски ски-центри: Спасувачките операции се во тек

Лавина затрупа две лица во австриската провинција Салцбург во близина на Обертауерн, едно од најголемите скијачки центри во земјата, јавија австриските медиуми.

Сè се случи попладнето во областа на планината Жикаршпице.

Во тек е операција за пребарување во која учествуваат спасувачи, а се користат и хеликоптер и кучиња трагачи, се додава во извештајот.

Лавините на Алпите одземаат околу 100 животи секоја година, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување за лавини.