Лавров – Ванг: Русија и Кина ќе ја зајакнат стратешката соработка и ќе застанат на страната на праведноста и правдата

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес се состана со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и со министерот за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг на разговари за голем број регионални и глобални прашања, вклучително и за војната во Газа и Украина, објавија државните медиуми.

Лавров вчера допатува во дводневна официјална посета на Кина во услови кога двете земји се обидуваат да ги зајакнат билатералните односи и стратешката соработка.

Двете страни се согласија да разговараат за начините за продлабочување на безбедносната соработка низ Европа и Азија за да се спротивстават на обидите на САД „да ја наметнат својата волја во регионот“, изјави Лавров на прес-конференција по средбата со неговиот кинески колега, пренесе руската државна новинска агенција „РИА Новости“.

Лавров рече дека Пекинг и Москва се договориле да започнат дијалог со вклучување на други нивни истомисленици за ова прашање.

Укажувајќи на притисокот на Западот врз двете земји, тој ги осуди „незаконските санкции“, кои ги кршат „меѓународните норми на груб начин“.

„Оваа политика“, тврди тој, „почнува активно да се применува кон Пекинг.“

Министерот обвини дека Западот се обидува да ги попречи кинеските „економски и технолошки развојни можности, едноставно кажано со цел да ги елиминира конкурентите“.

– Разговори за конфликтите во Газа и Украина

Ванг, на прес-конференцијата по билатералните разговори со Лавров, рече дека двете страни разговарале за конфликтите во Газа и Украина.

„Како сила за мир и стабилност, Кина ќе се придржува до играњето конструктивна улога на меѓународната сцена и никогаш нема да додаде масло во пламенот“, рече тој.

Тој рече дека Пекинг и Москва треба да се спротивстават на „хегемонизмот“ и „секој мал круг“ што се вклучува во конфронтација на блокот.

„Мораме да се спротивставиме на сите акти на хегемонија, тиранија и малтретирање; да се спротивставиме на размислувањата од Студената војна и на сепаратистичките провокации; и активно да се залагаме за изградба на заедничка иднина за целото човештво“, изјави Ванг.

„НАТО не треба да ја испружи раката на нашата заедничка татковина“, додаде тој.

„Пекинг“, реќе Ванг, „ќе ја зајакне стратешката соработка со Москва и двете земји мора да застанат на страната на ‘праведноста и правдата’.“