Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека жените лидери имаат тенденција да поседуваат квалитети кои се особено корисни во геополитичките тензии.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во средата повика на поголемо учество на жените на лидерски позиции, јавува Анадолија.
Говорејќи на настанот за Меѓународниот ден на жената организиран од Светската трговска организација (СТО) во Женева, Лагард рече дека жените имале само 12 отсто од лидерските позиции во најголемите мултилатерални институции од 1945 година.
„Треба да видиме повеќе жени на лидерски позиции бидејќи тоа би можело да ја поддржи трговската отвореност и да го запре лизгањето кон фрагментација“, нагласи Лагард.
Таа додаде дека жените лидери имаат тенденција да поседуваат квалитети кои се особено корисни во геополитичките тензии.
„Една студија открива дека тие се особено добри во холистички размислување, управување со сложеноста и прифаќање на соработката, кои се идеални атрибути кога станува збор за трговските преговори“, рече Лагард.