Лажен профил од Косово тврди дека Вања е со него! На социјалните мрежи се шират вознемирувачки пораки, но од девојката нема ни трага ни глас (фото)

По барање на Министерството за внатрешни работи, по исчезнатата Вања Ѓорчевска е распишана меѓународна потерница од Интерпол. Министерството за внатрешни работи има издадено жолта потерница до Интерпол , што значи дека до сите полициски припадници на Интерпол имало таква информација, доколку таа повеќе не е на територијата на Република Македонија.

Од МВР информираа дека за расчистување на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче, преземено е дејствие веднаш по приемот на пријавата, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски до малолетничката, биле прегледани камери.

„На 28 ноември во 13 часот на Стоп-листа на граничните премини е ставена информација за исчезнатото лице, а по барање на МВР по исчезнатото лице е распишана меѓународна потерница од Интерпол, соопшти МВР. Се додава дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Да потсетиме, Вања исчезна во понеделник наутро во Скопје , на пат кон училиштето Песталоци кај Дебар Маало. Последен пат е видена на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“ каде и се губи секаква трага. Жолто известување е глобален полициски извештај за исчезнати лица. Објавен е за жртви на напуштање на семејството, киднапирање и ненадејно исчезнување.

Исчезнала Вања Горчевска, Вања Ѓорчевска

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки пораки

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки пораки и содржини за исчезнувањето на Вања Ѓорѓевска

Во коментарот под објавата на нејзината мајка, лажен профил од Косово, кој ја злоупотребил фотографијата на оџа од Албанија, напишал дека девојчето е со него, пренесува Телма.

На Фејсбук кружат низа други дезинформации за нејзиното исчезнување, придружени со вознемирувачки и недолични коментари.

Сите досегашни вести за наводното пронаоѓање на девојчето беа експресно демантирани од МВР.

Се формираше посебен штаб, се приклучија и ловџии

Министерството за внатрешни работи формираше посебен штаб кој деноноќно работи на пронаоѓање на девојчето.

Со специјалниот штаб раководи началникот на СВР – Скопје.

Јавноста е на повидок, а нејзините фотографии постојано се споделуваат на социјалните мрежи и секој што има каква било информација во врска со нејзиното исчезнување е повикан да контактира со полиција.

Покрај полицијата, во потрагата учествува и семејството, како и нејзините соученици кои поставија плакати со фотографијата на Ѓорѓевска и бараат какви било информации каде исчезна девојчето.

Претседателот на друштвото на ловџии се приклучи на нејзината потрага.

– Во Македонија има 100 илјади лица кои поседуваат ловечко оружје, од кои најмалку 25 до 30 илјади се активно на терен секој ден на лов. Ги повикав да помогнат во потрагата по исчезнатото девојче – вели Влатко Алексовски, претседател на Македонско ловечко друштво.

Информациите за нејзиното исчезнување беа објавени на платформата „Најди ме“, која е систем за рано предупредување. Системот е воспоставен од невладината организација Новинари за човекови права и е пилот проект во соработка со Министерството за внатрешни работи и други надлежни институции.