Мицкоски викнат на Калето, кажал дека членството во ЕУ е стратешки интерес на Македонија!

Денеска раководството на ВМРО ДПМНЕ, поточно Предсетаделот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, имаа две важни и клични средби. Едната со унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто и втората со американскиот помошник Државен секретар за Евроазиски прашања, Џејмс Обрајен.

На средбата, Мицкоски истакнал дека стратешкиот интерес на Македонија освен членството во ЕУ е и заштитата на националните и идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија.

На средбата беа потврдени добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Беше афирмирана и потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

,,Се осврнавме на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области”, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.