Облак: Целиот свет зборуваше за Роналдо и Меси, но без нив Ла Лига стана порамноправна

 – Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак го оцени моменталното ниво на шпанската фудбалска лига.

-Ла Лига сега е многу порамноправна од порано. Сите екипи се многу добри и секој натпревар е многу тежок. Ла Лига сега е многу конкурентна за разлика од порано. Пред некоја сезона целиот свет зборуваше за Кристијано Роналдо и Меси, но сега без нив Ла Лига не е полесна од порано. Ла Лига е сè уште многу конкурентна, тука има одлични играчи, изјави голманот на Атлетико за „ESPN“.

Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, додека Меси беше член на Барселона од 2004 до 2021 година. 

Двајцата изминатите две децении беа прогласувани за најдобри фудбалери на светот.