Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Хамас и Израел се договорија за четиридневен прекин на огнот во Газа, се вели во соопштението на милитантната група.

Групата соопшти дека се согласила да ослободи околу 50 жени и деца заложници од Газа во замена Израел да ослободи 150 палестински жени и деца од израелските затвори, пренесоа странските медиуми, пренесува Телеграф.

Договорот ќе овозможи стотици камиони со хуманитарна помош, медицинска помош и гориво да влезат во сите делови на Газа, се додава во соопштението.

И израелската влада објави соопштение откако се согласи на договор со кој ќе се ослободат 50 заложници од Хамас за време на четиридневниот прекин на огнот.

„Владата на Израел е должна да ги врати дома сите заложници“, рече тој во изјавата.

„Вечерва Владата ја одобри шемата од првата фаза за постигнување на оваа цел, според која најмалку 50 заложници – жени и деца – ќе бидат ослободени во текот на четири дена, при што ќе има пауза во борбите.

„Ослободувањето на секои 10 дополнителни заложници ќе резултира со дополнителен ден на пауза“.

„Владата на Израел, ИД и безбедносните служби ќе ја продолжат борбата за да ги вратат дома сите заложници, да ја завршат елиминацијата на Хамас и да обезбедат дека нема да има нова закана за државата Израел од Газа“.