Рамзан ја назначи ќерка си на висока позиција во Владата: Големи промени во Чеченија, нова позиција и за зетот (фото)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја назначи својата ќерка Аишат (25) на функцијата вицепремиер за социјални прашања.

Кадиров ова го објави на својот канал Телеграм по продолжениот состанок во владата на Чеченија.

Ајшат Кадирова претходно беше регионален министер за култура. Нејзината кандидатура ја предложи премиерот Муслим Хучиев.

– Го поддржав предлогот на Хучиев. Ајшат Кадирова даде голем придонес за подобрување на активностите на регионалното Министерство за култура – рече Кадиров.

Поранешниот вицепремиер Муса Дадаев во иднина ќе раководи со Министерството за култура.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека кадровските решенија во регионите ги носат нивните шефови.

– Тоа е кадровско именување во рамките на регионот и привилегија на шефот на регионот. Рамзан Кадиров користи прерогатив – рече Песков.

Најстарата ќерка на Рамзан Кадиров истовремено ја доби титулата „Народен уметник на Чеченија“ и орденот „За заслуги за татковината“ од 2 степен за нејзиниот придонес во развојот на руската култура и уметност и за долгогодишна креативна активност.

Ајшат Кадирова е родена на 31 декември 1998 година.

Дипломирала на Чеченскиот државен универзитет, а од 2016 година е директор на модната куќа Фирдавс. Во 2020 година беше назначена на позицијата прв заменик министер за култура на Чеченија, а од 2021 година на функцијата министер.

На крајот на јули, Кадиров на функцијата вицепремиер го назначи сопругот на Аишат, Вишан Мацуев, кој сега најверојатно ќе добие нова функција.

Вицепремиер е и другиот зет на Кадир, Адам Алханов. Тој е оженет со ќерката на Кадиров, Кадизат, која сега раководи со одделението за предучилишно образование во канцеларијата на градоначалникот на Грозни.

Инаку, Рамзан Кадиров има десет деца со три сопруги, и посвоил уште две момчиња.