Лажна е дојавата за исчезнување на бебе на скопските клиники, едно лице е уапсено

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расветли случајот со дете осомничено за исчезнато во Клиничкиот центар и е констатирано дека се работи за лажно опишување од страна на Л.А.

„Од страна на Единицата за насилни кривични дела СВР-Скопје, веднаш по добивањето на пријавувањето се преземени соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко-акушерската клиника Скопје за примени пациенти и констатирано е дека Л.А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Проверки се направени и во системот на Детската клиника и нема пронајдено новороденче, како што информираат од ДК“.

„Направени се проверки во матичен лекар на ЛА и констатирано е дека таа била прегледана на 08.03.2023 година, при што лекарот констатирал дека Л.А. не е бремена. Извршен е разговор со лекарот и од прибраните докази е констатирано дека изјавата на Л.А. е лажна“, велат од МВР.

Додаваат и дека во консултација со обвинител, Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување.