Европска вселенска агенција: Ракетата „Аријана 6“ помина клучен тест

Европската ракета за лансирање „Аријана 6“ ја помина клучната проба, што е дел од напорите таа да се доведе до лансирната рампа во 2024 година, соопшти Европската вселенска агенција (ESA).

Претставници на Aгенцијата претходно информираа за „светлосна аномалија“ за време на пробата во Француска Гвајана, кој вклучуваше палење на моторот со јадро „Vulcain 2.1“, по што следеа седум минути работа без полетување.

Генералниот директор на Европската вселенска агенција, Јозеф Ашбахер, минатиот месец изјави дека има „светло на крајот на тунелот“ за одложеното лансирање и посочи дека по долготрајниот тест ќе се воспостави рамка за инаугуративното лансирање во 2024 година.