Латино Америка во Скопје: Татко и син произведувале и продабале дрога!

– Покрената е истражна постапка против татко и син, за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Во нивниот дом, на улицата „Козле“ во Скопје, двајцата осомничени на возраст од 60 и 35 години, држеле наркотична дрога – 588,22 грама марихуана и 4,25 грама кокаин, како и психотропни супстанции – 38,67 грама амфетамин и 2,29 грама MDMA (3-4-метилен-диоксиметамфетамин), информираат од Основното јавно обвинителство.

При вчерашниот претрес на нивниот дом, во заедничка соба во која имало и детски дел, пронајдени се дрогата и психотропните супстанции наменети за неовластена продажба, како и дигитални ваги и повеќе други предмети со траги од наркотична дрога. Синот во раката држел рачно изработена цигара со нето маса од 0,85 грама мешавина од марихуана и тутун.

Од ОЈО информираат дека при претрес на автомобилот на таткото, пак, на паркингот кај поликлиниката „Букурешт“, биле пронајдени уште 50,39 грама марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од криење и бегство, но и можност да го повторат делото.