ВИДЕО | Крвав конфликт пред големиот натпревар од ЛШ: Навивач избоден на улица, двајца полицајци повредени

Во пресрет на големиот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Милан и ПСЖ, дошло до голем навивачки конфликт на улиците на Милано.

Насилството од ‘Ултрас’ го уништува Милано неколку часа пред големиот натпревар, а местото на конфликтот беше областа Навигли“, пишува Gazzetta dello Sport, наведувајќи дека во текот на ноќта педесетина навивачи на Милан ги нападнале навивачите на ПСЖ

Полицијата и карабинерите брзо пристигнале на местото на конфликтот.

Како што соопшти полициската управа, 34-годишен француски навивач е тешко повреден со две убодни рани и итно бил пренесен во болница. Повредени се и двајца полицајци. Едниот се здобил со рана на ногата, другиот во главата, а според последните информации напаѓачот на вториот полицаец е уапсен.

Видео-снимките од хаосот на улиците во Милано можете да ги погледнете ОВДЕ.

Полицијата синоќа морала да интервенира во Милано поради расправија меѓу 15-тина членови на навивачите на ПСЖ и десет кинески државјани. За среќа избегнат е физички конфликт и се остана само вербална пресметка.