СВЕДОЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ДЕТАЛИ ЗА УЖАСОТ НА ЈАДРАНОТ: За таткото се виде дека нема надеж, брзата помош дојде без носилки, децата ги носевме во раце

Татко и двајца малолетни синови попладнево се удавија на јадранската плажа кај албанскиот град Каваје.

Невидена несреќа се случи на плажата Виле-Боштово каде едно семејство од Тирана решило да го помине викендот, но радоста за минута се претворила во трагедија.

Еден од сведоците изјави за ABC дека другите посетители на плажата истрчале во водата и ги донеле удавените на брегот.

Лицето во кајакот врескаше. Некои од нас видоа дека нешто не е во ред и влегоа во водата. Видовме три тела. Ги изнесовме на брегот и се обидовме да им помогнеме. Подоцна дознавме дека е даден црвен сигнал, но тоа никој овде не го знаеше – изјави еден од сведоците.

Друг сведок изјави дека момчињата давале знаци на живот кога ги извадиле од Јадранското Море додека немало надеж за нивниот татко.

Знаевме дека не се удави само еден, мислевме дека се двајца, а кога го видовме третиот останавме шокирани. Двете момчиња ни дадоа надеж дека ќе реагираат на масажите, додека таткото беше безнадежен од почетокот – рече сведокот.

Тој вели и дека многу луѓе се собрале и се потрудиле да ги спасат момчињата, меѓу нив имало и медицинска сестра, но залудно.

Според третиот сведок, брзата помош пристигнала со 40 минути задоцнување.

Брзата помош дојде по 40 минути од Рогожина. Две недели сум на плажа, ни чувари, ни лекари, ни полиција… Нема кој да пружи итна помош – вели сведокот.

Еден од очевидците на местото на настанот изјави за новинарката на Еуроњуз Албанија, Сара Демуса дека жртвите биле извлечени на брегот од туристи кои исто така се обиделе да пружат прва помош.

Тој тврди дека лекарскиот тим не бил опремен со носилки за транспорт.

Прва помош на момчињата им била укажана млад човек во кафеаната, таму немало никој, па ни полиција. Само случајни минувачи интервенирале да им помогнат. Медицинските сестри дојдоа без носилки и моравме да ги носиме со раце – тврди сведокот.

Медиумите од Албанија јавуваат дека се удавиле Елвис Халилај (50) од Тирана и неговите два сина на возраст од 13 и 15 години.

 Поради силните струи во попладневните часови, брановите го одвлекоа едното дете додека таткото и другиот син се обидуваа да стигнат до него, но струјата ги однесе – изјави новинарката на ABC News, Леонида Мусај.