Лајен во Сараево:„Имаме план од 30 милијарди евра за Балканот, ако нема реформи парите ќе одат за друга земја

ЕУ ќе ја удвои економијата на Босна и Херцеговина доколку земјата спроведе реформи, рече денеска во Сараево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ако нема реформи, средствата ќе одат во други земји.

„Иднината на Босна и Херцеговина е во ЕУ. Покажавте преку назначувањето и формирањето на Владата во првата година дека оваа земја може да постигне резултати и тоа се пакет-мерки за квалитетно владеење“, рече таа.

Соработката на ова поле, како што рече Лајен, досега била одлична и дека ќе продолжи со оваа динамика на соработка.

„Сите знаеме дека за да се постигне оваа цел, Босна и Херцеговина мора да дејствува обединето. Ние, од друга страна, не можеме да дозволиме уназадување. Мојата втора порака е дека мора да работиме на приближување на нашите економии. Имаме план за 30 милијарди за Западен Балкан, особено кога се работи за автопатишта“, нагласи таа.

„Вашата економија е на 30 проценти од потенцијалот на ЕУ и затоа е важен планот за раст на оваа земја. Друг принцип е Балканот да ги отвори границите и да го развие регионалниот пазар со можен раст од 10 проценти на почетокот на оваа активност“, изјави таа.

Нагласи дека за ова се неопходни одредени реформи како дигитализација, зелена реформа итн.