Владимир Путин: “Запад се обиде да ја удри Русија со санкции, но самиот се казни!“

Запад се обиде да ја удри Руската Федерација со санкции, но самиот се казни, порача рускиот претседател Владимир Путин во Москва на состанок за економски прашања, пренесуваат странските медиуми.

Актуелната статистика покажува дека севкупната економска ситуација се развива предвидливо, во согласност со прогнозата. Во текот на девет месеци од оваа година, рускиот БДП порасна за 2,8 отсто во однос на истиот период лани, а во август и септември порасна за 5,2 проценти. Во исто време, преработувачките индустрии кои не се поврзани со експлоатација на ресурсите растат со побрзо темпо“, вели Владимир Путин.

Невработеноста во Русија е постојано ниска, околу три отсто, а платите растат побрзо од инфлацијата“, истакна претседателот на Русија

Владимир Путин иронично се пошегува со новите санкции на Европската унија.

Колку помалку ѓубре, толку подобро, има помалку можности да ни се испраќаат бубачки од европските земји“, вели Владимир Путин, коментирајќи ја можната забрана на ЕУ за испорака на шрафцигери и игли и најави дека санкциите на ЕУ ќе се зголемат.

Владимир Путин предупреди дека Запад може да продолжи да врши саботажи и провокации против Русија.

Тој посочи дека е неопходно да се зајакнат сите позитивни трендови во индустријата, земјоделството и услужниот сектор во Руската Федерација, но и укажа на Владата и Централната Банка дека е неопходно координирано намалување на инфлацијата. Покрај тоа, тој нареди внимателно да се следи динамиката на цените на општествено важните производи.

Според него, регулативата за девизна заработка веќе одиграла позитивна улога.