Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на Бразилецот Витор Роке!
Барса го купи ова лето, но го остави на позајмица во Атлетико Параненсе.
Се шпекулираше дека Роке би можел да остане во Бразил до летото 2024 година, но лошата форма на Роберто Левандовски ги промени плановите во Каталонија.
Чави Ернандез побара од Жоан Лапорте и Дек да го донесат Роке оваа зима и токму тоа се случи.
Барселона за трансферот на Роке плати 40 милиони евра.
Оваа сезона на 45 натпревари постигна 21 гол и додаде осум асистенции, а во Бразил го гледаат како идната „деветка“ на репрезентацијата за која дебитираше во март годинава.
Чави Ернандез наводно веќе им кажал на Роке и Левандовски дека ќе делат минутажа. Тој сака Полјакот да чувствува дека не е незаменлив, особено поради сè почестите критики за неговите игри и сè полошата форма.