Никој не може да скроти машко дете како што може мајката! Познат психолог: Само ако му го направите ова ќе стане вистински маж (фото)

Психолозите често наведуваат дека воспитувањето машко дете е најтешкиот процес. Меѓутоа, во денешниот свет е тешко да се воспитуваат и машките и женските деца – подеднакво.

А во однос на воспитувањето на машките деца, Јунг верувал дека воспитувањето кое не одговара на правилниот развој на детето може да доведе до формирање на таканаречениот комплекс „човек-дете“. На пример, ако таткото не и’ пружи емоционална поддршка и внимание на мајката, таа може да почне да го бара тоа кај детето и на тој начин да создаде подлабока врска отколку што е потребно. Затоа, мајката може да стане премногу грижлива и да го „задуши“ својот син со своето внимание , врзувајќи го за себе и оневозможувајќи му да се ослободи од чувствата на зависност од неа.

Карл Јунг

Како дете на таква компулсивна мајка, едноставно не можете да живеете сами. Таа постојано ќе ги коригира сите ваши грешки и ќе ги носи сите важни животни одлуки за вас се додека вие и дозволувате. Книгата Modern Jungian Clinical Practice вели:

„И еве еден маж кој стои пред вас, живее во минатото и се обидува да избега од овој студен и суров свет, кој не може да го разбере. Неговата мајка е често покрај него, не покажувајќи ни трошка загриженост поради фактот што синот треба да порасне како маж и не прави ништо за да му помогне да порасне и да основа свое семејство.

Сведоци сте на некаков заговор помеѓу мајка и син и гледате како тие двајца си помагаат да го изневерат вистинскиот живот.

Тој прави само низа мали обиди да се ослободи бидејќи неговата иницијатива и издржливост се парализирани од тајното сеќавање дека мирот и среќата може да се добијат само од неговата мајка… Тоа наметнува одредени барања за машкоста на човекот, неговата ревност и пред сè, неговата храброст и решителност да стави сè на свое место. За да го направи тоа, ќе му биде потребна поддршка од предавничкиот Ерос, кој може да ја заборави својата мајка и да го преживее раскинувањето со првата љубов во неговиот живот“.

Таа мисла е многу длабока и нејзиното постоење некому може да изгледа нереално, но поентата е дека мајките кои воспитуваат, поддржуваат деца, сето тоа го прават свесно, без разлика дали тоа го признаваат или не.

Нивните синови не можат да ја најдат вистинската среќа надвор од скутот на нивната мајка, бидејќи нивните мајки ги попречуваат на секој можен начин. Самиот мајчин комплекс кога детално ќе се испита е прилично шокантен. Некои мажи навистина не можат да достигнат психолошка зрелост поради недостатокот на татко и она што им треба од него. Но, за успешен и независен живот, таквите мажи треба да се ослободат од зависноста што нивната мајка ја чувствува кон нив.