ЛЕВИЦА НА СВОЈОТ ПРОФИЛ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО НАПИША: ЛЕВИЦА СО СИТЕ СИЛИ СПРЕЧУВА ШВЕРЦЕРАТ ВО СОБРАНИЕ!

За инцидентот кој се случи во собранието Левица на својот официјален фб профил изјави: На собраниската седница, двајцата пратеници на #Левица со фрлање на амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилничнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица.

Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!

Ја информираме јавноста дека на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, СО ШВЕРЦ БЕЗ ПРЕСЕДАН, да го донесе новиот Деловник!

❗️Иако #Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права!

Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и ФИЗИЧКИ да го бранат народниот мандат!