Левица ќе “растури” на следните избори: Што му порача Али Ахмети на Зоран Заев на средбата во хотелот Вила Парк во Струмица!? (видео)
Зоран Заев беше домаќин на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер задолжен за политичкиот систем, Артан Груби на средбата која на ден пред Бадник се случи во хотелот Вила Парк во Струмица. Артан Груби во својата изјава за медиумите го потврди одржувањето на таа средба.
Во последен момент на таа средба беше поканет и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поранешен генерален секретар на СДСМ во мандатот на Заев и негов заменик на премиерската функција пред изборите на 15 јули 2020 година. Спасовски последните денови се споменува како човек кој на терен треба да ги испегла тие “искричења” меѓу Заев и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
На средбата во Струмица Ахмети му ги предочил на Заев анализите поврзани со неговиот предлог до Ковачевски, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да формираат заедничка влада со рок на траење од осум години во која албанскиот политички фактор би учествувал со 25 отсто.
Според математиките на Ахмети, ако тоа се случи тогаш најмногу ќе профитира партијата Левица, која би останата надвор од власта и би направила “џандар збира” со опизициското назадоволство во државата и лесно може да се случи Левица да се доближи до бројката од 20-тина пратеници на следните избори. Според тие анализи и пратеничкото конто на ДУИ ќе биде поголемо и лесно можело да се случи од сегашните сигурни 16 до 18 пратеници да ја помине границата од 20 “депутати”.
На средбата Ахмети ја потврдил дека тој и ДУИ стојат зад премиерот Ковачевски со кого планираат долгорочна соработка.
Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар. Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: