Леви: Израел нема да се согласи Хамас да остане на власт во Појасот Газа

– Израел нема да се согласи на договор за прекин на огнот со Хамас, според кој израелските заложници ќе останат во Појасот Газа, а Хамас ќе остане на власт, изјави денеска портпаролот на израелската влада Ејлон Леви.

Тој додаде дека во тек се напори за ослободување на заложниците, но не сакаше да открие детали. 

Запрашан за извештаите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Леви кажа дека целите на војната не се променети.

-Уништување на капацитетите за владеење и на воените капацитети на Хамас во Појасот Газа и враќање на сите заложници. Нема да има прекин на огнот што ќе ги задржи заложниците во Појасот Газа и Хамас на власт, ​​рече тој.