На манекенката Кара Делевињ не и’ беше гајле за тенискиот меч на Вимблдон бидејќи на трибините разменуваше страсни бакнежи со својата девојка – музичарка Минка.
Убавата 30-годишна манекенка изгледаше „шик“ во беж блејзер, кој го комбинираше со црна маичка и црни кожени панталони. Девојките имаа очила за сонце на лицата, а освен навивање, се препуштија и на сочно бакнување.
Кара и 31-годишната Минка, чие вистинско име е Леа Мејсон, ја задржаа својата врска од јуни минатата година, кога беа видени како се бакнуваат на одмор во Портофино.