Лекарите во Британија и го вратиле слухот на девојче кое се родило глуво: Применета е најновата генска терапија

18-месечно девојче од Британија кое е родено глуво, лекарите и го вратиле слухот со помош на револуционерна генска терапија, прва во светот. Експертите велат дека слухот на девојчето сега е речиси нормален и може дополнително да се подобри.

Опал Сенди, 18 месеци, од Оксфордшир, е родена целосно глува поради аудитивна невропатија предизвикана од прекин на нервните импулси кои патуваат од внатрешното уво до мозокот.

– Прекрасно е да се види мало девојче како реагира на звук – изјави главниот истражувач и ушен хирург проф. Д-р Манохар Бенс за BBC News.

Терапијата ја заменува неисправната ДНК

Опал Сенди беше лекувана непосредно пред нејзиниот прв роденден, а шест месеци подоцна слуша меки звуци како шепот и почнува да зборува и да кажува зборови како „мама“, „тато“.

Дадена како инфузија во увото, оваа терапија ја заменува неисправната ДНК што предизвикува нејзиниот тип на наследна глувост. Експертите се надеваат дека оваа терапија би можела да делува и за други видови на длабоко губење на слухот .

уво, уво, оториноларинголог, слух

Половина од губењето на слухот кај децата има генетска причина

Професорот Бенс се надева дека истражувањето ќе доведе до употреба на генска терапија за почести типови на губење на слухот.

– Она што се надевам е дека можеме да почнеме да користиме генска терапија кај малите деца каде што всушност го враќаме слухот за да не мора да носат импланти и други технологии што треба да се менуваат – рече тој.

Аудитивната невропатија може да биде предизвикана од грешка во генот OTOF, кој е одговорен за создавање на протеин наречен отоферлин. Ова им овозможува на клетките во увото да комуницираат со аудитивниот нерв.